Дома Фудбал Реал Мадрид повторно се заинтересира за Марк Геи, остварен е контакт со неговите агенти

Реал Мадрид повторно се заинтересира за Марк Геи, остварен е контакт со неговите агенти

Од Реал Мадрид го обновиле интересот за Марк Геи и дури ги известиле неговите претставници дека се свесни за неговата пазарна ситуација, тврди „Ас“. 25-годишниот англиски репрезентативец има договор кој наскоро истекува, и е побаран од голем број клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наесен имаше информации дека од „Бернабеу“ размислуваат да преговараат, но на 6-ти ноември, токму „Ас“ информираше дека „кралевите“ се откажале од него. Изгледа дека сега има обновен интерес и од Реал дури изјавиле дека ќе стапат во контакт со неговите агенти, ако решат да упатат конкретна понуда.

Летово централниот бек беше блиску до Ливерпул. Дополнително, тој се споменува за Барселона, Атлетико Мадрид и Баерн (Минхен).

Освен Геи, на списокот на Реал Мадрид фигурират и други имиња како Ибрахима Конате (Ливерпул, 26 г.) и Дајо Упамекано (Баерн, 27 г.), кои исто така ќе станат слободни агенти. Сепак, како што медиумите известуваат, шпанскиот гигант не посакува да наддава за ниту еден фудбалер. Во случаите на Конате и Упамекано, нивните агенти започнале да ги зголемуваат барањата за плата, со што се оддалечуваат од финансискиот оквир кој клубот го поставил за таа позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зиркзе даде еврогол, си поигра со цела одбрана како со мали деца! (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги започнаа летните подготовки за новата сезона со убедл…