Дома Фудбал Останато Уште тројца фудбалери имале проблем со срцето после прележан ковид

Уште тројца фудбалери имале проблем со срцето после прележан ковид

Вчера Баерн Минхен соопшти дека Алфонсо Дејвис имал срцеви проблеми после прележувањето на ковид-19.

Подоцна стигна и нова информација за уште тројца фудбалери кои имаат слични проблеми. Во прашање е ѕвездата на Арсенал Пјер Емерик Обамејанг и неговите соиграчи од репрезентацијата на Габон, Аксел Меје и Марио Лемина.

Сите тројца биле негативни на последните тестирања и добиле зелено светло за вчерашниот меч со Гана, но не настапија.

„ Пјер Емерик Обамејанг, Аксел Меје и Марио Лемина, кои неодамна прележаа ковид-19, нема да можат да играат. Деталните прегледи покажаа срцеви проблеми и КАФ не сака ништо да ризикува“, гласеше помеѓу другото во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал во последните моменти се спаси од пораз против Елче 🎥

Елче беше блиску да приреди голема сензација во Ла Лига, но на крајот Реал успеа да извлеч…