Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси денеска ја одржа прес-конференцијата пред стартот на Лигата на Нации.
Пикси помеѓу другото откри и дека покрај Тадиќ, за репрезентацијата повеќе нема да настапува и Дарко Лазовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Според неговата изјава дека се збогува, дадов и јас своја изјава и не сакам да се повторувам. Се најдобро на тие што заминале. Ако некој така одлучил, тогаш морам тоа да го почитувам. Тој даде голем придонес , но сега сакаше да се посвети на клупската кариера. Лазовиќ беше со нас три години, но многу често имаше и одредени повреди, па беше отсустен. Пред 15 дена разговаравме и тогаш ме извести“, изјави Пикси.
Во селекцијата на Србија за натпреварите со Данска и Шпанија нема да бидат ниту Митровиќ, Савиќ и Влаховиќ, за првите двајца официјалните информации се дека се повредени, додека Влаховиќ само кратко објави дека поради семејни причини нема да може да помогне. Новинарите го запрашаа Пикси и за таа ситуација, но селекторот на Србија порача дека тоа би требало да го прашаат Влаховиќ бидејќи и тој самиот не знае нешто повеќе.