Дома Фудбал Останато Уште една легенда го најави своето заминување: Нема веќе убавина во играњето фудбал

Уште една легенда го најави своето заминување: Нема веќе убавина во играњето фудбал

Познатиот Бразилец, Кака има важечки договор со Орландо до крајот на сезоната, а тој на некој начин најави што е следно во однос на неговата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Индиректно тој најави дека ќе замине во пензија во разговор за Глобеспорт. Тој вели дека телото повеќе не може да издржи на неговите 35 години.

„Би сакал да направам нешто слично како Зинедин Зидан. Тој престана да игра, зема малку слободно време, и увиде дека сака да биде тренер. Можеби би можел како него“.

А дали Кака ќе продолжи да игра фудбал?

„Не наоѓам веќе убавина во играњето фудбал, чувствувам болка по секој меч. Моето тело тоа го чувствува. Кога имате 35 години тешко е да закрепнете од се“, истакна Кака.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Британски фудбалер направи скандал: Беснеел со 307 километри на час, доби четири години затвор! (Видео)

Фудбалерот возел со неверојатни 307 км/ч и сè објавил во видео формат. Сега е осуден на по…