Дома Фудбал Репрезентации Уште еден ДОКАЗ дека ФИФА ранг листата нема никаква смисла!

Уште еден ДОКАЗ дека ФИФА ранг листата нема никаква смисла!

Последното обновување на последната ФИФА ранг листа е само уште еден доказ дека истата е безсмислена и не е легитимен показател на квалитетот на репрезентациите и нивните резултати.

На најновата листа селекцијата на Италија која после 60 години ќе го пропушти Миндијалот напредуваше и тоа надминувајќи Англија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англија доминираше во Групата „Ф“ и освои 26 бодови. Во текот на ноември ремизираа против Германија и Бразил кои се први селекции на оваа листа, но сепак паднаа за три места и стигнаа до 15 позиција.

Зад Германија и Бразил следат Португалија, Аргентина и Белгија, па Шпанија која напредуваше за две позиции. Во првите десет се уште Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Најмногу напредуваа Данците и Швеѓаните кои беа успешни во баражот против Ирска и токмУ Италија, додека најголем пад доживеа Велс за пет позиции и сега е на 19 позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…