Дома Актуелно Уште еден голем успех за Дејан Георгиевски: Од Турција се враќа со бронза

Уште еден голем успех за Дејан Георгиевски: Од Турција се враќа со бронза


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на „Президент Купот“ кој се одржа во Истанбул.

Георгиевски во полуфиналето се пласираше во полуфиналето, но таму беше подобар од актуелниот олимписки шампион Сисе. Георгиевски борбата со таеквондистот од Брегот на Слоновата Коска ја загуби со 0:2 (0:4 и 1:3).

Претходно Дејан славеше победи против Хамидреза Бадријалјабади од Азербејџа со 2:0 и со домашниот таеквондист Берат Хусен Демирчиоглу исто така со 2:0.

„Не постои потешка работа на светот од тоа да држиш континуитет со врвни резултати во олимписки спорт, такви спортисти се неколкумина на балканот а меѓу нив е и Дејан Георгиевски !

Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес.

Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска“, порачаа од таеквондо федерацијата по освоениот медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Младинците на пенали подобри од Финска 🎥

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ По поразот …