Дома Фудбал Италија Управата на Милан денес пред УЕФА: Казни ќе има, во Милан се надеваат на „најблагите“!

Управата на Милан денес пред УЕФА: Казни ќе има, во Милан се надеваат на „најблагите“!

Казни сигурно ќе има, но се надеваат на „најблагите“…

Управата на Милан денес ќе излезе пред УЕФА, нивниот предлог за договор е одбиен, а со оглед на долговите и изостанувањето на приходите извесно е дека ќе бидат казнети.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Но, во Милан се надеваат дека ќе поминат само парична казна место многу полошата опција –регистрирање на играчи. Казна со која се соочи Интер пред две сезони.

Тоа практично ќе значи дека Милан за Европа не ќе може да доведе фудбалер, ако претходно не продаде некого во иста вредност.

Значи, „росонерите“ ќе можат да доведуваат нови играчи, но не ќе можат да ги регистрираат за Европа, што сигурно ќе влијае на одлуката на фудбалерите кои се нивни мети.

Сопственикот Ли и понатаму тврди дека проектот е на добар пат, навивачите не се така оптпимистични се споменува продажба на Донарума и Сусо, заминување на Калиниќ, Андре Силва...Со цел да се соберат пари за нов напад на местото кое води во Лигата на шампионите.

Но, долгот од 300 милиони евра на инвестициониот фонд мора да биде вратен, во спротивно Кинезите ќе го изгубат клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…