Дома Фудбал Германија Упамекано потпиша за Баерн, но поради бизарна причина мора да ги почне подготовките со Лајпциг

Упамекано потпиша за Баерн, но поради бизарна причина мора да ги почне подготовките со Лајпциг

Дајот Упамекано е еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата и пред неколку месеци го потврди трансферот од Лајпциг во Баерн Минхен за 42,5 милиони евра.

Упамекано беше на мета на многу европски гиганти, но на крајот го избра Баерн Минхен, кој ја плати откупната клаузула од 42,5 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, неговиот престој во Минхен не започна добро поради бизарната клаузула која ја имал во договорот со РБ Лајпциг и поради која нема да може да се приклучи на Баерн од самиот почеток на подготовките.

Според клаузулата во договорот, Баерн требало да плати уште 200.000 евра за да може да го добие Упамекано на тренинзите во Минхен на 1 јули.

Баварците не сакале да платат дополнителни 200.000 евра и ќе си почекаат до средината на јули, а Упамекано ќе ги започне подготовките со стариот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид добива големо засилување за реваншот против Манчестер сити

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе доби позитивни вести во пресрет на реваншот про…