Баерн Минхен вчера и официјално го потврди трансферот на францускиот дефанзивец, Дајот Упамекано.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Актуелниот европски шампион успеа да ја победи конкуренцијата и го обезбеди потписот на 21-годишниот дефанзивец.
Баварците ќе ја платат откупната клаузула на Упамекано која изнесува 42,5 милиони евра. Французинот беше мета на неколку европски гиганти, но тој на крајот го избра Баерн Минхен.
Првата причина е што Упамекано се етаблираше во Бундеслигата и не сакал да ја промени лигата и нема да му биде потребно време за прилагодување.
Другата важна причина поради која го избрал Баерн е бидејќи сака да се бори за најважните трофеи и смета дека со Баварците ќе освои најмногу трофеи.