Дома Фудбал Унаи Емери експресно си најде нов клуб

Унаи Емери експресно си најде нов клуб

Унаи Емери на крајот на ноември доби отказ од Арсенал по серијата лоши резултати и така после нешто повеќе од година и пол ги напушти „топџиите“.

Емери после тоа се поврзуваше со Евертон, но на крајот овој клуб одлучи да го ангажира Карло Анчелоти за нов тренер.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сега, како што пишуваат француските медиуми, Монако воспоставил контакт со поранешниот тренер на Арсенал за да се обиде да го ангажира.

Наводно 48-годишниот стратег е фаворит за превземање на францускиот клуб кој исто така ги контактирале и поранешниот тренер на Валенсија, Марселињо и Лорен Блан.

Доколку Емери успее да се договори со Монако, тоа нема да му биде прв пат да води некој француски клуб бидејќи од 2016-та до 2018-та го предводеше ПСЖ од каде направи трансфер во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пауновиќ не чекаше долго, откри дали ќе остане на клупата на Србија!

Вељко Пауновиќ преку својот Инстаграм профил испрати суптилна, но надежна порака, која по …