Дома Фудбал Останато Eмери се потсети на шокантниот пораз од 6:1: Ако можам би го променил судијата (ВИДЕО)

Eмери се потсети на шокантниот пораз од 6:1: Ако можам би го променил судијата (ВИДЕО)

Шпанскиот стратег Унаи Емери веќе некое време е без работа откако кон крајот на минатата година доби отказ во Арсенал.

Емери одлучи да земе одмор до крајот на оваа сезона и најави дека многу брзо може да се врати на тренерската работа. Додека е на одмор тој е чест гостин во шпанските медиуми каде што зборува за неговата досегашна кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот стратег имаше голема шанса да се докаже и во ПСЖ, но тоа изостана. Сигурно дека најшокантниот пораз во неговата кариера е реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите во 2017 година. Тогаш ПСЖ во првиот натпревар на свој терен ја победи Барса со 4:0 и сите веќе ги гледаа како победници од твој двомеч.

Меѓутоа во реваншот Барселона славеше со 6:1. Иако во финишот беше 3:1 каталонскиот клуб за десетина минути успеа да постигне уште три гола и така да приреди вистинска сензација. Ова враќање е и најголемо во историјата на ова натпреварување.

Емери сега зборуваше за овој натпревар и одговори на прашањето што би променил ако има можност.

„Постојат многу детали кои го одлучија тој натпревар. Единствената работа која би ја променил е судијата. Ја гледав снимката од тој натпревар неодамна и забележав дека направи некои големи грешки. При резултат 3:1 не ни беше досуден чист пенал, а потоа го досуди тој пенал за Барселона“.

„Суарез вршеше притисок врз судијата цел натпревар и тој на крајот падна во неговата замка. И јас грешев сигурно. Имав играч кој не можеше да го даде максимумот затоа што беше повреден, требаше да го заменам. Сепак, сега е доцна за било што, можеме само да зборуваме“, изјави Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…