Дома Фудбал Емери се враќа во Ла Лига, веќе потпишал преддоговор

Емери се враќа во Ла Лига, веќе потпишал преддоговор

Ако им веруваме на пишувањата на реномираните Марка и АС, Унаи Емери тренерската кариера ќе ја продолжи во Шпанија.

Емери наводно веќе потпишал преддоговор со Виљареал за следната сезона, а тоа значи дека сегашниот тренер Хавиер Каљехо го напушта клубот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Каљехо после паузата ја препороди Жолтата подморница која врза седум победи и на крајот се пласираше на петата позиција на табела и обезбеди пласман во Лига Европа.

„Не знам каква е мојата иднина, но имам чиста совест бидејќи направив се да го извадам најдоброто од тимот и можам да заминам со крената глава. Прво клубот треба да разговара со мене, јас имам договор и тие треба да ги потврдат или да ги демантираат тие гласини.“ – изјави Каљехо.

Инаку, Емери тренерската слава ја доживеа во Севиља со која освои три трофеи во Лига Европа, после тоа работеше во ПСЖ и Арсенал каде доби отказ во ноември 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали навивачите на Манчестер Сити го направија клучниот момен во пенал серијата?

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера беа елиминирани од Реал Мадрид и така стана јасно дека…