Наскоро би можеле да добиеме клупско летно натпреварување.
ФИФА прави планови за 2021 година, целта е да се направи нешто во формат на Светско првенство за клубови. Ова Светско првенство би се состоело од 24 клубови и би се играло од 17. Јуни до 4. јули.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега овој предлог не наоѓа своја финансиска потпора, па УЕФА спрема одговор. УЕФА има предлог да се направи формат на турнир како Лигата на шампионите кој би се играл во текот на летните месеци. Јасно е дека ова се коси со идејата на ФИФА.
УЕФА има намера ова натпреварување да го реализира во соработка со компанијата „Relevant Sports“ која го организира Интернационалниот куп уште од 2013 година. Тоа е турнир кој служи за прпиреми за новата сезона.
Разликата е што ако УЕФА организира натпреварување тоа сигурно би имало поголема важност.
Место во натпреварувањето би се обезбедувало преку домашните натпреварувања. Планот е да се склопи договор на осум години, а натпреварите би се играле во Америка, а потоа во Азија. После одреден период наводно би се отворила можност и за вклучување на тимови од Јужна Америка.
Наводно, клубовите од Премиер лигата веќе го прифатиле овој концепт пред се поради финанискиот момент, но и можноста за проширување на пазарот во Америка и Азија.