Oткако се потврди промената на системот, УЕФА најверојатно ќе го промени и начинот на ждребот за Лигата на шампионите и останатите европски натпреварувања.
УЕФА била принудена речиси целосно да ја компјутеризира ждрепката за Лигата на шампионите од следната сезона како резултат на новиот формат, бидејќи рачно извлекувањето на противниците на секој клуб, како што беше случај со стариот формат, би траело премногу долго.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што е познато, конкуренцијата во Лигата на шампионите е проширена на 36 екипи од сезоната 2024/25, нема повеќе групи, туку сите екипи ќе бидат во една „лигашка“ табела. Секој клуб ќе одигра осум натпревари, четири дома и четири на гости.
Според процедурата, како што пренесуваат бројни светски медиуми, ќе има четири „шешири“ со по девет екипи, распоредени според УЕФА петгодишниот коефициент на клубовите, а клубовите ќе се соочат со по два противници од секој шешир.
Клубовите нема да можат да извлекуваат тимови од својата земја, освен ако не ги има премногу во еден „шешир“. Ова би влијаело само на лигите со четири или повеќе клубови во натпреварувањето, иако УЕФА верува дека ќе може да го избегне ова.
Тоа значи дека единствениот рачен аспект на ждрепката, односно извлекувањето на топчињата, ќе биде церемонијалниот – изборот на тимот чии натпревари ќе бидат извлечени. Компјутерот потоа автоматски ќе ги додели противниците на тој тим од сите четири „шешири“ и ќе одлучи кои натпревари ќе се играат дома, а кои на гости.
На пример, хипотетички да земеме дека во еден „шешир“ се: Манчестер Сити, Севиља, Барселона, Наполи, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Бенфика, Феенорд и Реал Мадрид. УЕФА би извлекла еден тим, на пример Барселона, а нивните ривали потоа би биле прикажани еден по еден преку компјутеризирана ждрепка.
Најавите се дека стандардниот ждреп каков што сега го знаеме ќе се користи само за нокаут рундата.