Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

УЕФА не премолча: Санкциониран Олимпијакос поради своите навивачи

Европската фудбалска унија, денес го казни Олимпијакос со 60.000 евра, бидејќи навивачите на два пати влегоа на терен и пријдоа кон фудбалерот на Барселона, Лионел Меси во текот на мечот помеѓу двата клуба во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


УЕФА наведе дека Олимпијакос е казнет поради влегувањето на навивачите на терен, во текот на мечот на 31. октомври во Атина.

Еден навивач го прегрна и бакна Меси во близината на корнер знаменцето, а потоа во завршницата на мечот пријде друг навивач, кој сакаше да се слика со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Олимпијакос е казнет и поради недозволените песни на навивачите, но и поради тоа што фудбалерите на Барселона беа попречувани со ласери од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…