Дома Фудбал Репрезентации УЕФА не запира: Русија добива уште еден тежок удар од Европската куќа на фудбалот

УЕФА не запира: Русија добива уште еден тежок удар од Европската куќа на фудбалот

Продолжуваат ударите кон Русија од Европската куќа на фудбалот, па така оваа репрезентацијата поради агресијата во Украина нема да се најде и во ждрепката за квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Ждрепката е закажана за 9. Октомври во Франкфурт и по истата ќе знаат групите за квалификациите за овој турнир, а сега е потврдено дека Русија нема да биде дел од истата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веста ја објави првиот човек на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, а многу брзо се очекува и УЕФА да ја официјализира.

По агресијата во Украина УЕФА и ФИФА ја суспендираа Русија од сите можни натпреварувања, поради тоа не се дел и од СП во Катар, додека нејзините клубови не настапуваат во европските натпреварувања.

Ждрепката во Франкфурт е закажана за 9. октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Трансфер војна помеѓу Реал и Баерн. Шпанците ги крадат најголемите баварски ѕвезди?

ГОЛЕМА „Трансфер војна меѓу Реал Мадрид и Баерн“, е насловната страница на шпанскиот весни…