Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА донесе важна промена за финалето од Лигата на шампиони

УЕФА донесе важна промена за финалето од Лигата на шампиони

Европската куќа на фудбалот објави важна промена пред престојното финале во Лигата на шампиони помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Имено, промената ќе им овозможи на финалистите во ЛШ, Тотенхем и Ливерпул да располагаат со група од 23 играчи во финалето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Натпреварот помеѓу двата англиски тима е на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Тоа значи дека Јирген Клоп и Маурисио Почетино ќе можат да запишат по 12 резервни играчи, наместо досегашните 7, кои ја дополнуваа групата.

Истото правило ќе важи и за финалето на Лигата на Европа, каде еден против друг излегуваат тимовите на Челзи и Арсенал.

Финалистите во двата турнири исто така ќе можат да прават дополнителна четврта измена, под услов натпреварот да влезе во продолженија.

https://youtu.be/capMQ-NQakk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Jaмал одговори на критиките: Тоа не е случајно!

Познатиот фудбалски агент Жорге Мендеш стапи во јавноста за да ги смири медиумските озбору…