УЕФА откако беа одложени неколку национални првенства поради коронавирусот одлучи да се огласи.
Имено, тие закажаа состанок за на 17. март на кој ќе се решава за судбината на фудбалот во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие одлучија да одржат состанок со сите европски фудбалски сојузи,п ретставници на ФИФА синдикатот на професионални фудбалери, асоцијацијата на европски клубови и секако темата ќе биде една.
Ширењето на коронавирусот влијае на многу спортски настани и спортот падна во втор план, натпревари се одложуваат или играат пред празни трибини.
Освен клупските европски натпреварувања тема на состанокот ќе биде и Европското првенство во 2020 година.
На овој состанок се очекува да биде донесена одлука за бараж натпреварите за ЕП во Лигата на Нации. Македонија на 26. март треба да игра со Косово, меѓутоа поради ситуацијата ФФМ побара одложување на овој натпревар.