Дома Фудбал Останато УЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина

УЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина

Селтик е казнет од УЕФА затоа што навивачите на шкотскиот шампион искажале поддршка на Палестина.

Клубот од Глазгов ќе треба да уплати 17.500 евра во касата на Европската фудбалска унија, бидејќи неговите приврзаници вееја палестински знамиња на натпреварот против Атлетик Мадрид во Лигата на шампионите во Глазгов.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во објаснувањето на УЕФА се наведува дека со ваквото однесување испратиле „провокативна порака од навредлив карактер“.

Иако Селтик побара од навивачите да не носат палестински знамиња на стадионот, тие истакнаа транспарент „Слобода за Палестина“ и „Победа на отпорот“ за време на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…