Дома Фудбал Останато УЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина

УЕФА го казни Селтик поради поддршката за Палестина

Селтик е казнет од УЕФА затоа што навивачите на шкотскиот шампион искажале поддршка на Палестина.

Клубот од Глазгов ќе треба да уплати 17.500 евра во касата на Европската фудбалска унија, бидејќи неговите приврзаници вееја палестински знамиња на натпреварот против Атлетик Мадрид во Лигата на шампионите во Глазгов.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во објаснувањето на УЕФА се наведува дека со ваквото однесување испратиле „провокативна порака од навредлив карактер“.

Иако Селтик побара од навивачите да не носат палестински знамиња на стадионот, тие истакнаа транспарент „Слобода за Палестина“ и „Победа на отпорот“ за време на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…