Дома Македонски спорт Мак ракомет Убедлива победа на Македонија против Исланд, блескаше Ристовска

Убедлива победа на Македонија против Исланд, блескаше Ристовска

Репрезентативките на Македонија со победаги започнаа квалификациите за Светското првенство.

Квалификацискиот турнир кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ нашите девојки денес го стартуваа со Исланд. Исланд на стартот од натпреварот добро отвори и направи предност од 2:7.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, од тој момент нашата селекција предводена од одличната Сара Ристовска успеа да направи пресврт. Од тие 2:7 до крајот на првиот дел Исланѓанките постигнаа само еден гол, па ние имавме предност на паузата 11:8.

Во вториот дел Исланд ни се доближи, меѓутоа кон крајот одново ние бевме репрезентацијата која ги контролираше работите на теренот.

Се стануваше јасно кога во последните пет минути влеговме со предност од четири гола разлика (21:17).

До крајот постигнавме уште три гола за конечни 24:17. Најефикасна кај нас беше Ристовска со 11 постигнати голови, зад неа следуваше Ѓоргиевска со шест.

Следниот натпревар девојките го играат веќе утре во истиот термин против Литванија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…