
Грчките медиуми пишуваат дека е уапсен грчки државјанин кој се сомничи за вмешаност во убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис.
Кацурис беше убиен во август годинава, за време на нередите во Атина меѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК.
Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓
Информациите се дека е уапсен сопственикот на ножот кој е пронајден на местото каде што е убиен несреќниот Кацурис. Тој од порано и е познат на полицијата и учествувал и во други нереди. Сега има доволно докази тој да заврши во истражен затвор.
Неколку дена по убиството, грчкото правосудство покрена обвинение против повеќе од 100 обвинети за учество во инцидентите, повеќето хрватски државјани навивачи на Динамо Загреб.
Извесен А.Д. веќе осудуван за нередите во градот Волос во 2017 година, кога на стадионот „Пантхесал“ беа повредени најмалку 15 луѓе. Потоа А.Д. бил осуден на 1 година затвор.
По убиството на Кацурис, А.Д. дал исказ во полиција во кој потврдува дека бил дел од навивачите на АЕК, дека бил во близина на Михалис и дека имал нож, но го изгубил за време на нередите.
Μιχάλης Κατσουρής: Ερευνάται η εμπλοκή Έλληνα στην δολοφονία του – Συνελήφθη για παλαιότερα οπαδικά επεισόδια – https://t.co/R6Ok5M3QlD pic.twitter.com/SusPRDlE7e
— attikiola.gr (@attikiolagr) November 9, 2023