Томас Тухел денес доби отказ од ПСЖ, а весникот „Билд“ пренесува дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Тухел имаше договор со ПСЖ до крајот на сезоната и наводно веќе го известил својот менаџер дека сака да работи во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ тврди дека германскиот стратег нема долго да остане без работа, бидејќи интерес за неговиот потпис покажува Арсенал.
„Топџиите“ играат катастрофална сезона и се блиску до зоната за испаѓање во Премиер лигата, па сериозно размислуваат за смена на Артета.
Тухел наводно преферира да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед, но е спремен да ја прифати понудата на Арсенал.