Дома Фудбал Германија Тухел претставен во Баерн: Овој тим има победничка ДНК

Тухел претставен во Баерн: Овој тим има победничка ДНК

Германецот, Томас Тухел денес е промовиран за нов тренер на Баерн по отказот на Јулијан Нагелсман.

Тухел со гигантот од Минхен потпиша договор до 30-ти јуни 2025 година.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„За мене ова претставува голема чест. Моја искрена благодарност за довербата од Оливер Кан, Салихамиџиќ, Хејнер и Хоенес. Кога подолго време работиш во странство стануваш свесен за големината и важноста на Баерн. Овој тим има победнички ДНК, ме воодушевува начинот на работа. Тимот е еден од најдобрите во Европа“.

Во првиот натпревар со Тухел на клупата Баерн ќе игра против Борусија Дортмунд на 1. април, поранешниот тим на германскиот стратег.

„Не може да имате поголем предизвик од почеток против Дортмунд. Тоа е важен натпревар поради нашиот дефицит на табелата и формата на Борусија. Ние ќе се обидеме да го решиме натпреварот во наша корист“, објави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…