Пауло Фонсека поради лошите резултати е пред отказ во Милан, а во медиумите се шпекулира со неколку имиња како негови можни наследници.
Се најавува дека дербито против Милан може да биде последен натпревар за Фонсека на клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како опција се споменуваше Масимилијано Алегри, но според последните информации кандидат за кормилото на Милан е и Германецот Томас Тухел.
Во својата кариера Тухел досега ги водеше екипите на Баерн Минхен, Челзи, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц, па така евентуален ангажман во Милан би бил негов прв во Италија.