Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Не се задоволуваме со пласмам во финале, го сакаме трофејот

Тухел: Не се задоволуваме со пласмам во финале, го сакаме трофејот

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел зборуваше на пресконференцијата пред утрешното финале во Лигата на шампиони против Манчестер Сити.

Тухел истакна дека ова не е натпревар помеѓу него и Гвардиола и дека неговиот тим ќе направи се за да го освои трофејот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Работевме напорно за да дојдеме до овде. Меѓутоа, не се задоволуваме со пласман во финалето, ќе направиме се за да го освоиме трофејот. Нормално дека ова не е нормална седмица, сите се чуствуваме различно. Се спремаме за најголемиот фудбалски натпревар во Европа“, истакна Тухел.

„Ова не е натпревар помеѓу мене и Пеп. Не играме тениски меч, туку тимски спорт. Сити е најдобриот тим во Европа, но ние на Вембли покажавме дека можеме да ја намалиме разликата. Разликата на вака високо ниво ја прави гладот за успех“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…