Дома Фудбал Англија Тухел: Лукаку се извини и таа приказна е затворена

Тухел: Лукаку се извини и таа приказна е затворена

Meнаџерот на Челзи, Томас Тухел денес потврди дека Ромелу Лукаку се извинил за спорното интервју и таа приказна е затворена.

Белгиецот даде интервју кое силно одекна во Премиер лигата, тој јавно го критикуваше Челзи и системот на игра кој го практикува Тухел. Покрај тоа изрази жалење што го напуштил Интер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ромелу се извини и се врати во екипата. За мене беше важно да видам дека немал директно лоша намера. Ова не е толку голем проблем колку што сакаат луѓето да биде, не е ни мал, но доволно да можеме да останеме смирени, да го прифатиме неговото извинување и да продолжиме понатаму“, изјави Лукаку.

Ова значи дека Лукаку ќе биде во составот на Челзи за натпреварот во среда од Лига Купот во кој „сините“ ќе го пречекаат Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цените на билетите за Светското првенство и до 10 пати поскапи отколку во Катар

Сè уште не знаеме ни половина од 48 учесници на Светското првенство кое во 2026 година ќе …