Дома Фудбал Англија Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Челзи иако доминираше против Манчестер Јунајтед, сепак не успеа да победи и одигра 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во главна улога во натпреварот беше Жоржињо. Играчот од средниот ред направи катастрофална грешка по која Манчестер Јунајтед преку Џејдон Санчо дојде во водство, а потоа го изедначи резултатот со гол од пенал.

По натпреварот Томас Тухел застана во одбрана на Жоржињо и објасни зошто според него Жоржињо погрешил.

„Примивме гол по една грешка. Жоржињо лошо ја процени ситуацијата. Мислам дека му пречеше осветлувањето и не ја гледаше добро топката“, изјави Тухел.

Челзи по ова реми се уште е првопласиран со 30 бода на лидерската позиција со еден повеќе од Сити и два од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВАР судијата на Мундијалот ослободен од обвинението: Не направил никаков контроверзен знак

По натпреварот помеѓу Германија и Курасао, австралискиот судија задолжен за ВАР контролата…