Искусниот германски дефанзивец Жером Боатенг ова лето најверојано ќе се пресели во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Боатенг со Баерн истекува на крајот на сезоната, а двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката, па дефанзивецот ќе замине како слободен агент.
Веќе започна битката за неговиот потпис, Арсенал и Тотенхем од поодамна покажаа интерес, а сега во трката се вклучи и Челзи.
Томас Тухел одлично го познава Боатенг и верува дека ќе биде идеално засилување за неговиот тим.
Тој имал телефонски разговор со Боатенг, кој е спремен да се пресели на „Стенфорд Бриџ“, па сега останува уште неговииот агент да се договори со „сините“.