Дома Луд Спорт Турски коментатор добил отказ откако го спомнал Хакан Шукур

Турски коментатор добил отказ откако го спомнал Хакан Шукур


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Турскиот фудбалски коментатор Алпер Бакирчигил доби отказ откако во пренос на меч од Мундијалот го спомена името и презимето на Хакан Шукур.

Големата турска фудбалска легенда, сега во егзил и во немилост на властите во Турција.

Коментаторот Алпер Бакирчигил на мечот Канада – Мароко, ги потсетил гледачите дека во 2002 година, Хакан Шукур го постигна најбрзиот гол во историјата на Светските првенства.

Името на Шукур е забрането на националните телевизии, па веќе второто полувреме го коментирал неговиот колега. Бакирчигил добил отказ на полувремето.

„Ме отпуштија од ТРТ, каде што гордо работев со години, по она што се случи додека го коментирав натпреварот Мароко-Камерун“, објави водителот на Твитер.

Хакан Шукур со семејството избега од Турција во 2017 година. Турската влада го поврза Шукур со големиот сопреник на Ердоган, Фетулах Ѓулен, па од тогаш е забранет во Турција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Трагедија: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, има загинати🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалскиот клуб Вил…