Дома Фудбал Англија Тројца фудбалери на Манчестер Сити му позајмиле пари на Менди во најтешкиот период

Тројца фудбалери на Манчестер Сити му позајмиле пари на Менди во најтешкиот период

Бенџемин Менди е фудбалер кој зад себе има тежок период кој две години се обидуваше да ја докаже својата невиност во обвинувањата за силување.

Сега тој откри кои фудбалери на Манчестер Сити му помогнале во долгиот судски процес. Како што вели тоа биле Бернардо Силва, Ријад Марез и Рахим Стерлинг.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Претходно тој се пожали за третманот кој го имал од клубот објаснувајќи дека на забавите присуствувале и други фудбалери (ТУКА).

„Се соочив со сериозни финансиски потешкотии, не можев да го издржувам семејството и се чувствував многу лошо. Тогаш ми помогнаа Бернардо Силва, Стерлинг и Марез кои ми позајмија пари за да ги платам правните трошоци и да го издржувам семејството“, изјави Менди.

Ќе потсетиме во моментите кога се водеше постапка против Менди, Манчестер Сити ја замрзна неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Реал Мадрид освои две титули, играше финале на СП, а сега е тренер на Бока

Поранешниот аргентински репрезентативец, Фернандо Гаго (38) е нов тренер на Бока Јуниорс, …