Дома Фудбал Англија Менди за соиграчите од Сити: Сите пиевме алкохол и спиевме со жени

Менди за соиграчите од Сити: Сите пиевме алкохол и спиевме со жени

Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Бенџамин Менди беше обвинет за силување во 2021 година, по што премиерлигашот веднаш го суспендира, но тој успеа на суд да докаже дека е невин.

Французинот сега тврди дека „неколку“ тимски колеги од Манчестер Сити му се придружиле на неговите забави со алкохол и имале „случајни врски со жени“ додека тој испрати барање за компензација од 11 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во доказите изнесени од адвокатот на Менди, на трибуналот подоцна беше кажано дека вкупно пет тимски колеги од Сити биле на забавите.

„Неколку играчи од првиот тим на Манчестер Сити, вклучувајќи го и капитенот на клубот, беа присутни на забавите кои ги организирав. Сите заедно пиевме алкохол, имавме односи со жени и ги прекршивме рестрикциите за Ковид-19“, тврди Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mилевски избра: Со офанзивна формација оди по три бода против Лихтенштајн! (Фото)

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот го игра натпреварот против Ли…