
Oваа сезона Иван Тричковски во АЕК Ларнака игра во супер форма.
Во последното коло во лудиот натпревар против Ензозис Тричковски постигна хет-трик, а овие три гола го сместија Тричковски во друштво на голгетери од класа како Мбапе, Стерлинг, Икарди…
Имено, Тричковски со своите три гола се најде во топ пет стрелци во Европа за периодот од 21-ви до 27-ми откомври.
Тричковски одлично е рангиран и ако се сметаат головите за оваа година. На тој поредок нашиот Тричко се најде на 19-тото место што секако не е мала работа и е доказ за супер формата во која се наоѓа.
Инаку, прв на листата стрелци за оваа година е Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
