Дома Трансфер зона Трет дефанзивец на Челзи се сели во Барселона

Трет дефанзивец на Челзи се сели во Барселона

Левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо не ја променил одлуката и сака да го напушти клубот ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека најсилен интерес за Шпанецот покажува Барселона.

Чави е во потрага по алтернатива за Жорди Алба и сака да го донесе Маркос Алонсо на „Камп Ноу“, особено поради фактот што неговата цена е ниска во моментов.

Договорот на Алонсо со Челзи истекува следното лето, па Барселона може да го донесе за 10 милиони евра.

Интересно е што Маркос Алонсо може да биде третиот дефанзивец на Челзи кој летово ќе се пресели на „Камп Ноу“, откако стана јасно дека Кристенсен и Аспиликуета ќе потпишат за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…