Дома Останати Тенис Тренерот на Надал: Ако Ѓоковиќ не се вакцинира ќе биде исклучен од борбата за која многу вложи

Тренерот на Надал: Ако Ѓоковиќ не се вакцинира ќе биде исклучен од борбата за која многу вложи

Рафаел Надал неодамна ја освои титулата на Австралија Опен и стигна до 21. гренслем во кариерата со што стана рекордер во тенисот.

Од спортска страна Надал имаше големо олеснување затоа што Новак Ѓоковиќ бепе депортиран од Австралија пред почетокот на турнирот. Тренерот на шпанскиот тенисер, Карлос Моја го коментираше изборот на Ѓоковиќ да не се вакцинира.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Мислам дека овој триумф на Надал не промени ништо кај Ѓоковиќ. Јасно е дека ако не се вакцинира ќе биде исклучен од борбата за која многу вложи. Ќе му биде тешко да игра на гренслем турнирите и неговата кариера ќе биде загрозена. Не мислам дека Новак е антиваксер, едноставно секогаш го бранел правото на избор, но сега ситуацијата е комплицирана“.

Верувале ли дека Надал може до титулата во Австралија?

„Не беше исто овој пат како на другите турнири, процесот на враќање беше долг и комплициран. Сепак кога видовме како тренира, помисливме дека може да има шанса. Никогаш не смеете да го отпишете Рафа поради се што направи во кариерата“, изјави Моја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Како филм: Саудијците направија спектакуларна најава за тенискиот турнир 🎥

Од 16 до 19 октомври во Саудиска Арабија ќе се одржи турнир наречен „Слемот на шесте крале…