Maкедонскиот напаѓач Александар Трајковски игра во одлична форма и после двата гола на претходните два натпревари, денес во победата против Абха (2:0) запиша асистенција.
Во натпревар во кој одеше над 100-тата минута, Трајковски асистираше во втората минута од судиското продожение во првото полувреме кога Паулињо го отвори резултатот. Конечните 2:0 ги постави Мадаш со гол во 97-ма минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Трајковски влезе во серија од три натпревари во кои игра од почеток до крај, но и трет во кој директно учествува во головите. Во претходното коло беше избран и во идеалниот тим.
Секако дека ваквата форма на Трајковски не радува пред квалификациите за Европското првенство кои стартуваат овој месец.
#الفيحاء يسجل الهدف الأول عن طريق باولينيو#أبها #الفيحاء_أبها #دوري_روشن_السعودي #المواطن_الرياضي pic.twitter.com/T5FNF8oO5Y
— المواطن الرياضي (@Almowaten_sport) March 2, 2023