Кристијан Трапановски и Давид Бабунски имаат одличен старт на сезоната со Данди Јунајтед.
Трапановски три пати до сега ја затресе мрежата на ривалите и може да се пофали со уште две асистенции.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Трапановски за британски „Телеграф“ вели дека е среќен како почна неговата одисеја во Шкотска, а верува дека во блиска иднина ќе игра во репрезентацијата на Македонија.
„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам и посакувам вака заедно да играме и за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски ги следи нашите натпреварите на Данди. Пресреќен сум што постигнав веќе три гола за тимот“, изјави Трапановски.