„ЕА Спортс“ на почетокот на овој месец ја пушти во продажба новата верзија на популарната видео игра ФИФА.
ФИФА 21 за само неколку недели стана вистински хит помеѓу љубителите на видео игрите кои со нетрепение го очекаа 6. октомври кога во продажба беше пуштена новата верзија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа и овој пат многумина имаа приговор за оценката на одредени фудбалери, се огласуваа и самите играчи. Еден од оние кои се огласија беше и Адама Траоре.
Траоре е еден од најсилните фудбалери и изгледа како терминатор, но за сила доби оценка од 75 и порача дека неговиот соиграч Доверти има подобра оценка и за него тоа е смешно. Исто така е не е задоволен и од својата дефанзивна оценка која изнесува 31.
„Ма дајте, во обрана сума како да постојам. Навистина за сила 75? Тоа морате да го смените. Не е можно Доверти да има 78, а јас 75 за сила. Тоа е баш невозможно“, порача Адама.
Инаку, вкупната оценка на Траоре на играта е 74.
Quand Adama Traoré découvrait sa carte sur FUT20. ?
— BeFoot (@_BeFoot) October 31, 2020
? @Wolves
pic.twitter.com/C58oVUEHY0