Дома Трансфер зона Барселона го потврди заминувањето на двајца фудбалери

Барселона го потврди заминувањето на двајца фудбалери

Адама Траоре и Лук Де Јонг повеќе не се фудбалери на Барселона.

Каталонскиот клуб им се заблагодари на двајцата и тие нема да продолжат да го носат каталонскиот дрес затоа што клубот не ги откупи нивните договори. Двајцата во изминатата сезона во Барселона настапува како позајмени фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со ова Адама Траоре се враќа во Премиер лигата во Вулверхемптон, а Лук Де Јонг во Севиља. Траоре пред да дојде во Барселона имаше понуди од Тотенхем, Атлетико и Наполи, но тој посакуваше успех во Барселона.

 Сепак, работата не излезе како што се надеваше и сега се враќа назад, додека интересот за него во овој момент не е така голем.

Лук Де Јонг кариерата ќе ја продолжи во ПСВ бидејќи Севиља веќе го договори неговиот трансфер за 3.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се сеќавате на засилувањето на Арсенал од 85 милиони евра?

Не беше така одамна 2019 година кога Арсенал изгледаше изгубено, денес ситуацијата е сосем…