
Колку вреди одреден фудбалер е дискутабилно прашање, но како и во се друго, така и во фудбалот, вредноста ја одредува пазарот.
Некоја објективна цена одредуваат и медиуми како германскиот портал „Transfermarkt“, кој на почетокот на годината ја обновија цената на сите фудбалери, па германски „Билд“ веднаш побрза да состави тим од 11 најскапи.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Еминентниот медиум избра формација со тројца дефанзивци, четири играчи за врска и три напаѓачи. Интересно е што во тимот го нема Кристиано Роналдо, бидејќи тројцата најскапи во нападот се Лео Меси (180 милиони), Нејмар (150 милиони) и Хари Кејн (120 милиони).
Најспак играч за врска според истиот извор е Кевин де Брујн (110 милиони), а после него следуваат Кутињо и Погба со вредност од 90 милиони, па Тони Крос кој е проценет на 80 милиони евра.
Вирџил ван Дијк е проценет на 50 милиони евра, и покрај тоа што Ливерпул го плати многу повеќе, потоа Матс Хумелс и Џон Стонс вредат 40 милиони евра, а на голот Давид де Геа е со вредност од 50 милиони евра.
Вкупно овој тим вреди повеќе од една милијарда евра, иако ако правеле вистински трансфери ќе вредат многу повеќе.