Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт е играч на Јувентус!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт е играч на Јувентус!

0

Нашата редакција секој ден навремено ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-ВЕСТ НА ДЕНОТ: Трансферот на Матијас де Лихт во Јувентус конечно е договорен. Холанѓанецот вечерва се очекува да пристигне во Торино, сите детали можете да ги видете ОВДЕ.

-„Марка“ пренесува дека Реал Мадрид и Тотенхем почнале преговори за трансфер на Герет Бејл (ОВДЕ).

-ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Набил Фекир беше мета на многу европски гиганти, но Французунот се договори со Бетис и е пред трансфер во Примера (ОВДЕ).

Давид де Геа станува најплатен голман во светот. Постигнат е договор за продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед, деталите ОВДЕ.

-Атлетико Мадрид започна преговори со Тотенхем за трансфер на десниот бек Киран Трипие.

-Арсенал е на чекор да го договори првиот голем трансфер. „Топџиите“ се во завршни преговори за бразилскиот репрезентативец Евертон (ОВДЕ).

-Рома го договори трансферот на еден од најталентираните стопери во Италија, Џанлука Манчини. „Волчицата“ на Аталанта ќе и плати 25 милиони евра (ОВДЕ).

-Денес во канцелариите на Милан пристигна Владо Лемиќ, агент на Дејан Ловрен. Хрватскиот дефанзивец е приоритет за одбраната на „росонерите“.

-Манчестер Јунајтед испрати понуда од 80 милиони евра за потписот на Милинковиќ-Савиќ, но Лацио бара најмалку 100 милиони евра (ОВДЕ).

-Севиља испрати понуда до Рајо Ваљекано за македонскиот голман Столе Димитриевски (ОВДЕ).

-БОМБА: Барселона испратила понуда од 40 милиони евра плус Кутињо и Дембеле за Нејмар, ПСЖ кажал НЕ (ОВДЕ).

-Синот на Маурисио Покетино, Маурисио Покетино денес потпиша договор со Тотенхем.

-Рома е силно зиантересирана за Сусо и е спремна да го понуди Хавиер Пасторе и пари за потписот на Шпанецот (ОВДЕ).

-Официјално: Евертон донесе засилување од Манчестер Сити (ОВДЕ).

-Наполи полека ја губи битката за потписот на Хамес Родригез. Колумбиецот е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.

-Голманот на Јувентус, Матија Перин е на чекор од трансфер во Бенфика. Јувентус за возврат ќе го добие талентираниот Жоао Фереира.

-Милан е сериозно заинтересиран за стоперот на Лајпциг, Упамекано чија цена изнесува 35 милиони евра. „Росонерите“ се спрмени да го понудат Чалханоглу и 10 милиони евра.

-Рома постигна договор со Фиорентина за трансфер на Џордан Верето за 19 милиони евра. Останува уште „волчицата“ да ги договори личните услови со Французинот.

Келаифи му се закани на Нејмар: Ќе седиш на клупа до 2022 година! (ОВДЕ)

– Се сеќавате на Саидо Берахињо? Од поранешна ѕвезда во Премиер лигата денес се мачи со проба во Зулте Варагем (ОВДЕ)

– Конте попушти. Притисокот од навивачите Наинголан да не биде на трансфер листата изгледа вроди со плод. Белгиецот се најде на списокот патници на турнеата во Кина, Икарди останува надвор од тимот.

– Се поајви информација дека Дани Алвес е спремен да ги намали своите барања од седум милиони евра годишно на пет ипол за да потпише договор со Арсенал.

Фабијан Делф и Андре Гомеш ги избраа броевите во Евертон.

– „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ги обновила преговорите со Реал Бетис за потенцијален трансфер на Жуниор Фирпо. Оваа зделка би можела да изнесува 30 милиони евра.

Себаљос сега е најблиску до Арсенал! (ОВДЕ)

– Еве повеќе за договорот на синот на Покетино со Тотенхем (ОВДЕ)

– Агентот на Бејл за можното враќање во Тотенхем: Никогаш не коментирам глупости!

– Трансферот на Бенасер во Милан е завршена работа, тврдат Италијанците! (ОВДЕ)

Киеран Трипие е пред трансфер во Атлетико Мадрид! (ОВДЕ).

– „Калчомеркато“: Претставници на Милан се сретнале со агентот на Дејан Ловрен! (Наскоро повеќе)

– Официјално: Диало е го комплетираше трансферот од Борусија Дортмунд во ПСЖ за 32 милиони евра

– НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДЕ ЛИХТ! Неговото пристигнување во Торино се очекува вечерва во 22:30 часот!

– Иако се тврдеше дека Мегваер е пред трансфер во Манчестер Јунајтед за рекордна сума Лестер го стави на списокот за припремите за наредната сезона.

– Дали Кутињо со овој потег потврди дека сака да си замине од Барселона? (ОВДЕ) – ОФИЦИЈАЛНО: Де Лихт е играч на Јувентус!

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…