Дома Трансфер зона Рома го сака Сусо, нуди пари и Пасторе

Рома го сака Сусо, нуди пари и Пасторе

Ѕвездата на Милан, Сусо е примарна трансфер цел на Рома во летниот преоден рок, па „волчицата“ спрема интересна понуда за „росонерите“.

Сусо игра на крилната позиција и не се вклопува во системот на новиот тренер на Милан, па „росонерите“ не ја затвораат можноста да го продадат ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома не крие дека го сака Шпанецот, но Милан за неговата слобода бара 40 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е спремна да го понуди Пасторе, плус одредена сума пари за потписот на Сусо, но Милан тешко дека ќе прифати таква понуда.

Единствен играч за кој „росонерите“ би прифатиле да биде дел од трансферот е Патрик Шик, кој е голема желба на тренерот Џампаоло со кого соработуваше во Сампдорија.

https://youtu.be/LsZkvAHhb4w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…