Дома Топ вести Манчестер Јунајтед понуди 80 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед понуди 80 милиони за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед не се откажува од идејата во своите редови да ја донесе ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Скај Спорт“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра за потписот на Србинот, но понудата експресно била одниена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио настојува да добие 100 милиони евра за слободата на Милинковиќ-Савиќ и ја намали цената во однос на минатото лето, кога за неговиот потпис бараше 120 милиони евра.

Интерес за Србинот покажуваат уште и Пари Сент Жермен, Јувентус и Интер, но до овој момент никој од споменатите клубови не испратил официјална понуда.

Милинковиќ-Савиќ одигра просечна сезона за Лацио со 7 гола и 3 асистенции во 41 натпревари, но беше избран за најдобар играч за врска во Серија А.

На „Олд Трафорд“ сметаат дека СМС ќе биде идеален наследник на Пол Погба, па доколку Французинот замине, ќе бидат спремни да испратат побогата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…