Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса спрема „бомба“, Мурињо се засили, Кавани на пат за Мадрид

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса спрема „бомба“, Мурињо се засили, Кавани на пат за Мадрид

Последните денови од зимскиот трансфер пазар се секогаш многу бурни, а ние навремено ќе ве известуваме за сите трансфер информации.

-Веста на денот ни доаѓа од Тотенхем. Мурињо ја договори ѕвездата на ПСВ и холандски репрезентативец Стивен Бергвајн за 30 милиони евра (тука).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едисон Кавани е на чекор од трансфер во Атлетико, откако ПСЖ ја прифати последната понуда на „јорганџиите“ (тука).

-ПРЕСВРТ: Рикардо Родригез беше на чекор од трансфер во Фенербахче, но откако трансферот пропадна Швајцарецот ќе се пресели во Наполи. Клубовите се договорија Родригез ќе оди во Неапол на позајмица со право на откуп.

-БОМБА: Барселона е на добар пат да го комплетира трансферот на Родриго од Валенсија за 60 милиони евра (тука).

Хатим Бен Арфа го комплетираше трансферот во Реал Ваљадолид. Французонот беше слободен агент.

-Шевилд Јунајтед го сруши клупскиот трансфер рекорд и се согласи да плати 17 милиони фунти за ѕвездата на Генк и норвешки репрезентативец, Сандер Берге.

-Монако го договори трансферот на младиот француски репрезентативец, Јусуф Фофана, кој доаѓа од Стразбур за 15 милиони евра.

-Интер донесе одлука – на лето ќе го врати Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед и нема да ја искористи опцијата за опткуп.

-Евертон и Интер се во напредни преговори за трансфер на Матијас Весино. „Нероаѕурите“ за неговиот потпис бараат 20 милиони евра.

-ДОГОВОРЕНО: Емре Чан е на чекор од трансфер во Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ се договорија со Јувентус за трансфер вреден 25 милиони евра (тука).

-Ѕвездата на Спортинг, Бруно Фернандеш би можел да биде купен од Барселона за 80 милиони евра, а потоа Португалецот да биде испратен на позајмица во Валенсија како дел од трансферот на Родриго на Камп Ноу.

Потврдата која се чекаше стигна: Ериксен е нов играч на Интер!

Нова вест од шпанските медиуми за Родриго: Напаѓачот инсистира на трансфер и утрово не се појавил на тренингот на Валенсија.

Oфицијално: Фламенго го откупи Габигол од Интер! Габигол беше на позајмица, а сега со бразилскиот тим потпиша договор до 2024 година.

Италијанските медиуми пишуваат дека Флоренци во овој момент е поблиску до позајмица во Валенсија отколку до останување во Рома.

Повеќе за трансферот на Ериксен – тука.

Конечно Политано го напушти Интер! Само десетина минути после потврдата за трансферот на Ериксен, Наполи објави дека го довел Политано на позајмица.

Хатем Бен Арфа е нов играч на Ваљадолид! Во клубот беше пречекан од бразилскиот Роналдо.

Денес е ден во кој паднаа многу потписи! Ло Селсо веќе на настапува во Тотенхем како позајмен фудбалер, „петлите“ го откупија неговиот договор. Ло Селсо се обврза на верност до 2025 година.

Имаме и нешто од македонскиот фудбал. Поранешниот играч на Вардар, Дарко Глишиќ денес потпиша договор со Шкупи. (тука)

„Мирор“ пишува Фернандињо го продолжил договорот со Манчестер Сити на уште една година.

Според дел од медиумите Бен Чивел и Хаким Зијеш ќе бидат главните мети на Челзи за летниот преоден рок.

Португалските медиуми пишуваат дека Бруно Фернандеш не сака во Барселона иако Спортинг се договорил со Каталонците. Фудбалерот сака само во Манчестер Јунајтед. Се најавува дека последната понуда на „ѓаволите“ може да биде 55 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.

Стигна потврда дека Барселона преговара со Родриго и тоа од тренерот на Валенсија: „Родриго е фудбалер, кој може да направи разлика и затоа Барселона го сака во своите редови. Сите знаеме дека има преговори помеѓу двете страни“, изјави Селадес.

Информациите на „Мирор“ биле точни. Фернадињо го продолжи договорот со Манчестер Сити.

Шпански „АС“ објави дека Кавани се поздравил со играчите на ПСЖ и додава дека до крајот на денот Уругваецот и официјално би можел да стане играч на Атлетико.

Искусниот Фабио Коентрао кој од лето е без клуб, е блиску до потпис со Болоња.

Солскјер најави враќање на Санчез: „Ќе се врати на лето и ќе им покаже на сите дека грешат!“

Изгледа Карлез Перез ќе биде засилување на Рома. (тука)

Италијанците тврдат дека Јувентус и Борусија се договориле за трансфер на Џан за сума од 25 милиони евра, сепак проблем наводно прави барањето на фудбалерот за плата од 6.5 милиони евра.

После пропаѓањето на трансферот на Пабло Мари од Фламенго, Арсенал е во офанзива на Седрик Сораес. Овој трансфер е реално да се заврши во овој преоден рок.

Кон крајот денот добиваме две информации, по една за Бруно Фернандеш и Едисон Кавани. Две зделки кои се во центарот на вниманието.

Одиме прво со Фернандеш. Наводно Манчестер Јунајтед се договорил со Спортинг за споменатата понуда од 55 милиони евра плус 10 како бонуси. Тие 10 би биле преку лесно остварливи бонуси, додека целиот трансфер со уште некои бонуси може да достигне и вредност до 80 милиони евра. Не е откриено за што точно станува збор.

Едисон Кавани! Пресврт! Атлетико добил „не“ од ПСЖ за понудата од 15 милиони евра. Наводно, Атлетико нема да влегува во дополнително преговори и ќе се насочи кон нови решенија.

Италијанскиот новинар кој е добро запознаен со случувањата во Јувентус, Ромео Агрести објави дека пропаднала размената помеѓу ПСЖ и Јувентус во која Де Шиљо требаше да се пресели во Париз, а Курзава во Торино.

Легендарниот голман од Серија А, Стефан Сорентино кој неодамна стави крај на кариерата потпиша договор со италијанскиот тим Черво и ќе во овој клуб ќе игра како напаѓач! Овој тим се натпреварува во осмиот ранг од италијанскиот фудбал (Втора категорија, Група А).

Еве нешто повеќе за веста која пристигнува од сите релевантни извори – Јунајтед го добива Фернандеш! (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…