Жозе Мурињо беше во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за повредениот Хари Кејн, а медиумите на Островот потврдија дека потрагата е завршена.
Имено, Тотенхем постигна договор со ПСВ за холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн, кој во наредните часови треба да пристигне во Лондон на лекарски прегледи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку Бергвајн оваа сезона игра одлично во дресот на ПСВ и веќе има пет погодоци и десет асистенции на вкупно 16 средби во холандската Ердивизија.
Бергвајн е еден од најталентираните млади играчи во Европа, постојано потенциран како еден од Топ 50 најдобри млади фудбалери на континентот и би требало да биде големо засилување за Тотенхем.
„Спарси“ за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра, а Мурињо може да го користи Холанѓанецот како крилен, но и како централен напаѓач.
Tottenham have reached an agreement for the signing of Steven Bergwijn from PSV for €30m. He will sign a contract until 2024 with wages of €3.5m + bonuses a year. (Source: Telegraaf) pic.twitter.com/i0aRkQce5V
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 28, 2020