
Останувањето во НБА му е поважно од побогата понуда од Европа. Кевин Портер Џуниор бара нов клуб откако Милвоки го отпушти пред стартот на сезоната, а меѓу можните дестинации е и Денвер на Никола Јокиќ.
За 26-годишниот кошаркар интерес покажува и Орландо. Портер веќе разговарал со претставници на двата клуба и е подготвен да прифати дури и минимален договор за да продолжи да настапува во НБА. Иако во Европа би можел да добие значително подобри финансиски услови, враќањето на европските терени засега не му е приоритет.
Во Денвер би донел дополнителна опција за креирање напади, разигрување и постигнување поени. Минатата сезона во Милвоки ја заврши со просек од 17,4 поени, 7,4 асистенции, 5,2 скока и 2,2 украдени топки по натпревар.
Европската епизода на Портер беше кратка, но со впечатливи бројки. Во завршницата од сезоната 2023/24 одигра шест средби за солунски ПАОК, на кои просечно запишуваше 22 поени, 9,3 скока и 6,8 асистенции. Веќе следното лето повторно замина во НБА, потпишувајќи за Лос Анџелес клиперс.
Сепак, Портер не е единствената опција што ја разгледуваат Нагетс. На нивниот список е и Дерик Џонс Џуниор, крилниот кошаркар на Клиперс, чиј договор вреден 10,5 милиони долари е пред истек. Засега станува збор за интерес, а не за договорено засилување за тимот на Јокиќ.
Фото: All-Pro Reels / Wikimedia Commons, CC BY-SA 2.0