Дома Трансфер зона Готово: Рома добива засилување од Барселона!

Готово: Рома добива засилување од Барселона!

Рома договори замена за Николо Заниоло!

„Волчицата“ го комплетираша доведувањето на играчот за врска на Барселона Карлос Перез кој ќе биде алтернатива на Ченгиз Ундер на десната страна, но Перез е и вложување за во иднина со оглед на тоа дека се работи на млад играч на кој му се предвидува одлична кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома на Барселона ќе и плати сума од 15 милиони евра, а играчот ќе потпише договор до 2024 година. Перез остана „замрзнат“ откако Сетиен минатиот петок му порача дека не смета на него. Младиот фудбалер денес ќе се прости од соиграчите ќе се упати за Рим.

Крилниот фудбалер минатата сезона со одличните настапи беше префрлен од вториот во првиот тим на Барселона. Оваа сезона додека тренер беше Валверде запиша 12 настапи, постигна два гола и додаде три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …