Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани е на чекор од Атлетико Мадрид и трансферот треба да биде комплетиран денес, пренесува „АС“.
Агентот на 32-годишниот Уругваец пристигна во Мадрид за да се договори последните детали за трансферот, а избори блиски до играчот потврдија дека зделката е прашање на часови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Кавани со Атлетико ќе биде 2,5 години со можност за продолжување за уште една сезона.
Двата клуба веќе подолго време водат преговори, а пристигнувањето на агентот во Мадрид значи дека ПСЖ ја прифатил последната понуда од Атлетико за реализација на трансферот. Според „Екип“, „јорганџиите“ за неговиот потпис ќе платат 15 милиони евра.
Информациите дека Кавани веќе ги минал лекарските прегледи не се точни. Напаѓачот чека повик и денес треба да пристигне во Мадрид на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот.