Дома Топ вести Барса потврди: Пристигнува замена за Суарез од 60 милиони!

Барса потврди: Пристигнува замена за Суарез од 60 милиони!

Барселона до крајот на преодниот рок ќе донесе напаѓач кој ќе биде замена за Луис Суарез, потврди претседателот на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголема желба на Барселона е напаѓачот на Валенсија и шпански репрезентативец, Родриго, а  претседателот Бартомеу потврди дека преговорите се во тек.

Вчера во Барселона пристигна и познатиот агент Жорге Мендеш, а тоа е знак дека преговорите се во напредна фаза и дека трансферот е пред реализација.

„Не зборуваме за играчи од други екипи. Ама името на Родриго е на маса од страна на тренерите. Замена ќе има, само не знам дали ќе биде од Барселона Б или надвор од клубот“, потврди Бартомеу.

Двата клуба се во напредна фаза на преговори и Родриго треба да се пресе на „Камп Ноу“ за сума од 55-60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…