Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши сагата со Олмо, Јувентус ја одби Барса, Мурињо денес добива напаѓач

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Заврши сагата со Олмо, Јувентус ја одби Барса, Мурињо денес добива напаѓач

Јануарскиот преоден рок влегува во самата завршница, а со Спортски бидете во тек со се најважно што се случува!

Виктор Мозес уште пред неколку дена ги помина медицинските прегледи, но од некоја причина Интер се уште не го потврди. Тоа го направи Лукаку со објавување на фотографија од тимската вечера.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доаѓа крајот на супаницата: Олмо ги напуштил припремите на Динамо! (тука)

Шпанскиот медиум „Кадена Сер“ тврди дека Дани Себаљос побарал Реал да му ја прекине позајмицата во Арсенал. Себаљос знае дека нема место во тимот на Зидан, но тој последниот натпревар за „топџиите“ го одигра уште на 2. ноември, а четири дена подоцна беше во тимот за натпреварот против Гуимараеш во Лигата на Европа.

Нешто од македонскиот фудбал. Никола Глигоров се врати во Вардар и ја започна тренерската кариера во младинските категории (тука)

Нова информација поврзана за Арсенал. Клубот од Лондон работи на продолжување на договорот на Габриел Мартинели (18). Нов договор ќе значи и значително поголема плата за младиот напаѓач.

На Островот се појави вест дека Вест Хем ќе се обиде да го врати Димитри Паје во своите редови. Паје пред три години за 29 милиони евра премина во Марсеј.

Интер и Наполи би можеле да направат размена. Откако пропадна размената со Рома, Интер може да го искористи Политано за размена со Наполи. Наполи би го добил Политано, додека во спротивен правец може да тргне Љоренте.

Баерн Минхен покажал интерес за дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона има „да“ од Обамејанг. Барселона бара замена за Суарез, но во последно време повеќе се пишуваше за Лаутаро Мартинез и Родриго. Тешко е да се поверува дека Арсенал ќе го пушти Обамејанг сред сезона.

Јан Поведа денес ги минува прегледите со Лидс Јунајтед, после што и официјално ќе стане соиграч на Алиоски.

Вчера се појави вест дека Тотенхем е пред договор со напаѓачот на Реал Сосиедад Вилијан Жозе кој има клазула од 70 милиони евра. Денес Мурињо доби прашање за овој играч, но Португалецот порача дека не коментира туѓи играчи.

Манчестер Јунајтед донел одлука за иднината на Солскјер! (тука)

Oколу потенцијалната размена помеѓу Барселона и Јувентус, Бернардески – Ракитиќ нема ништо ново. Јувентус ја одби понудата на Барселона која гласеше 10 милиони, плус Ракитиќ.

Интер го одбил барањето на Манчестер Јунајтед за позајмица на Весино.

Борусија Дортмунд отворила преговори за трансфер на Германецот Емре Чан од Јувентус за сума од 25 милиони евра.

Реал Мадрид се договори со Малага за трансфер на 19 годишниот фудбалер Хуго Ваљехо од Малага. Овој играч ќе потпише договор со Реал до 2023 година, но наредните шест месеци ќе ги помине на позајмица во Депортиво.

Германецот Месут Озил се поврзува со МЛС клубот во кој до неодамна настапуваше Вејн Руни Ди-Си Јунајтед. Сепак, Озил пред неколку даде изјава во која потврди дека е среќен во Арсенал и негово заминување во овој преоден рок не се очекува.

Поранешниот фудбалер на Вардар и Шкендија, Хуан Фелипе кариерата ќе ја продолжи во Бразил тој потпиша договор со Бангу Атлетико Клуб (Bangu Atlético Clube), клуб од областа Бангу во Рио де Жанеиро, кој е член на бразилската серија Д (четврта лига).

Давид Бабунски е пред нов ангажман полскиот шампион Пјаст Гливице. Полските медиуми пишуваат дека Бабунски е сериозен кандидат да го засили Пјаст. (тука)

Детали од договорот за трансфер на Олмо во Лајпциг (тука)

Нови информации за Вилијан Жозе. Иако Мурињо не сакаше да коментира пристигнува вест од Островот дека трансферот на Вилијан може да биде потврден до крајот на денот. Сосиедад веќе бара негова замена и се поврзува со Маријано Диаз од Реал Мадрид.

Имаме и нови информации за Паје и Вест Хем. Вест Хем нема да го врати Французинот. Клубот не постигна договор со неговите агенти. Ќе потсетиме, двете страни во 2017 година не се разделија баш на најдобар начин, па можеби тоа било причината.

Eве потврда од тренерот на Динамо, Бјелица за трансферот на Олмо:„Се поздрави со соиграчите, се обиде нешто да каже, но му беше многу тешко. Оди во клубот кој лидер во Бундес лигата и клуб кој знае да развива млади играчи. Од година во година стануваат се подобри. Играат во Лигата на шампионите, верувам дека направи добар избор“.

Жиру повеќе не е опција за Интер, преговорите изгледа и дефинитивно пропаднаа со Французинот. (тука)

Не е шега: Манчестер Јунајтед го сака Карлос Тевез! (тука)

Арсенал започна преговори за трансфер на дефанзивецот на Шахтјор, Микола Матвијенко, откри агентот на играчот. (тука)

Раиола го нападна Јунајтед поради Погба! (тука)

Официјално: Лукас Подолски е нов играч на Анталијаспор.

Челзи влегува во трката за Вернер! (тука)

Директорите на Рома започнале преговори со Херта за трансфер на крилниот напаѓач Џавајро Дилросан. Постои оција Холанѓанецот да се пресели на „Олимпико“ на позајмица со право на откуп, но можно е Рома да го купи играчот веднаш. (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …